Wednesday, February 11, 2015

  Компјутерските мрежи поврзуваат два или повеќе независни компјутери. Компјутерите можат да бидат географски разделени. 

  • Мрежи лоцирани на мали подрачја (соби, згради или кампуси) се нарекуваат LAN (Local Area Network)
  •  Мрежи во градски подрачја се нарекуваат MAN (Metropolitan Area Network)
  • Мрежи лоцирани на поголемо пространство (држава или пошироко) се нарекува WAN (Wide Area Network).



           Делење на ресурси 

  • Hardware (компјутерски ресурси, дискови, принтери)
  • Software (апликациски софтвер)

           Делење на информации 

  • Лесен пристап од било каде(фајлови, бази на податоци)
  • Можност за пребаруввање (WWW)

           Комуникација 

  • Email
  • Далечинско управување со компјутер 
  • Распределување на процеси (GRID Computing)


                                                     1. Мрежни топологии

       Мрежната топологија дефинира начин на кој се поврзани компјутерите, принтерите и другите уреди.Тие го даваат изгледот на уредите и каблите како и патеката која се користи за пренос на податоците. 

  • Bus топологија  Обично се нарекува линеарна топологија, сите уреди на оваа топологија се поврзани на еден кабел.


  • Ѕвезда и истегната ѕвезда Ѕвезда топологија најчесто се користи кај LAN решенијата. Кога е инсталирана оваа топологија личи на тркало од велосипед.
  • Големите мрежи користат таканаречена топологија на истегната ѕвезда или дрво топологија. 
  • Прстен технологија Некој пакет или некоја рамка застануваат на секој јазол на прстенот. Во јазолот може да се пренесе информацијата да се додаде нова информација како да се даде и нова адреса на пакетот. Потоа пакетот патува низ прстенот додека не го пронајде јазолот кој треба да земе некоја информација од него.
* Единечен прстен - сите уреди во мрежата делат еден ист кабел
* Двоен прстен – оваа топологија овозможува да се испраќаат информации во две насоки





                        2. Мрежа топологија

  Мрежа топологија ги поврзува сите јазли (уреди) во една редундантна и   толерантна на грешки целина. Се користи за VAN и LAN поврзување во мрежи кој се релативно сложени и критични како во банки и други финансиски институции. Имплементацијата на оваа топологија е многу тешко и скапо.


  • Мрежни компоненти
  • Физички медиум 
  • Поврзување на уреди 
  • Компјутери 
  • Мрежен софтвер 
  • Апликации 
  • Мрежни медии 

Мрежениот медиум се дефинира како средство преку кое сигналот се пренесува од еден компјутер на друг ( било преку кабел или безжично). HUB, Switches, Routers, Wireless Access Points, Modems и други.

 Компјутери: Клиентски и Серверски машини

     Во клиент – сервер моделот, сите услуги се лоцирани на во посебен компјутер      (сервер) чија единствена функција е да одговара на барањата на клиентот. Серверот содржи датотеки, секакви апликации и останати услуги кој се секогаш на располагање на барањата на клиентите. 


Апликации:

  • Е -mail
  • Претражување податоци 
  • Е - комерција 
  • Новински групи 
  • Интернет телефонија(VoIP)
  • Видео конференција 
  • Chat групи 
  • Instant Messengers 
  • Интернет радио 


  1. Што е интернет ? 

Компјутерска мрежа распространета низ целиот свет .Јавен, кооперативен и самоодржувачки сервис достапен на милиони луѓе ширум светот.

  1. Што е интранет ?

Мрежно поврзување на одредена група клиенти .Користи стандардни интернет протоколи, посебно TCP/IP и HTTP, и некаде FTP сервиси на интарнетот
E-mail: испраќање пораки од корисник на корисник
Telnet: Приклучување (логирање) на оддалечен компјутер (remote login)
Chatting: интерактивна конверзација

Заклучок :.Компјутерски мрежи 


Компјутерска мрежа претставува збир од два или повеќе компјутери кои се поврзани преку комуникациски медиум и кои меѓусебно можат да комуницираат и да делат ресурси. Мрежите се користат за пренос како на дигитални така и на аналогни податоци кои мора да бидат прилагодени кон соодветни системи за пренос. Податоците можат да се пренесуваат во реално време (говор, видео и сл.) или во одложено време (електронска пошта, пренос на датотеки и сл.)